еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителството ќе бара од Собранието автентично толкување за надлежностите на СЈО

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески соопшти дека стручниот колегиум на Јавното обвинителство на денешниот проширен состанок одлучил дека начелно-правното мислење на Врховниот суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ја нарушува законитоста и ќе поднесе барање до Собранието за давање автентично толкување на член 22. од Законот за СЈО.

Кривичниот суд Скопје завчера побара од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да се произнесе кое обвинителство може во иднина да постапува како овластен тужител во предметите поднесени од Специјалното јавно обвинителство.

Од Судот посочуваат дека, сé до произнесување на државниот јавен обвинител дали предметите ќе останат во надлежност на СЈО или ќе бидат преземени од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Основниот суд Скопје 1 – Скопје во сите предмети постапува согласно одредбите од ЗКП, а за предметите на СЈО добиени по истекот на рокот за кој милење даде Врховниот суд, кои се итни и неодложни ќе одлучуваат надлежните кривични совети, сé со цел да не дојде до непотребно одолговлекување.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Два месеци се знаело за бегството преку тунел кое го подготвувале затворениците во Идризово

Редакција

Вкупно 201 заболени пациенти од корона вирусот: Регистрирани 24 нови случаи, од кои 15 во Скопје

Редакција

Белгија смета дека Македонија покажа волја за реформи за влез во ЕУ

Редакција