Гордана Несторовска изминатиот период лежела во болницата „8 Септември“, бидејќи била сомнителна на корона вирусот, но и имала претходни болести поради што била задржана на лекување таму.
Таа го раскажува целиот однос на персоналот кон пациентите.
„Изминатите 13 денови бев сместена во ГОБ „8 Септемви“ во Скопје. Во болницата пристигнав со тешкотии во дишењето, збунета и уплашена. Поради природата на симптомите, но и претходни лекувани и актуелни болести, веднаш бев примена на лекување во болницата.
Во текот на тие 13 денови престојував во одделенијата каде се лекуваат болни и суспектни на Ковид-19 и потоа на Пулмологија. Моите резултати за среќа покажаа дека сум негативна на Ковид-19, и лекувањето продолжи се до подобрување на мојата состојба.
Тие денови сретнав многу доктори, сестри, болничари, хигиеничари, рендген техничари, лаборанти… и други лица вработени во болницата.
Сите стручни во областа која ја работат и безрезервно посветени на нас пациентите.
Искрено ќе кажам се почувствував како меѓу свои најблиски. Во секој момент на денот или ноќта беше одговорено на секое мое прашање и моја медицинска потреба.
Хигиената е на највисоко ниво, исхраната е според потребите/дијагнозата на пациентот. Сето тоа на нас пациентите ни го направи полесен престојот и лекувањето во болницата, но и ни ја врати довербата во здравствениот систем.
И додека работевте во тешките скафандери покажавте почит за секој пациент,“ пишува меѓудругото на нејзиниот фејсбук-профил, Несторовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонец со сведоштво од Шведска: Зошто се лабави мерките за ширење на корона вирусот
Кумулативната инциденца во Куманово над 110, расте и во Скопје, Прилеп и Струга
Детален преглед: 32 починати од коронавирусот во Македонија, најмногу во Куманово
Сите детали: Над 60 години најголем дел од новозаболените од коронавирусот во Македонија
Драстичен раст: 95 здравствени работници заболени од коронавирусот во Македонија
фото: Фејсбук/Несторовска