Платата на премиерот Зоран Заев, која како што соопшти вчера, изнесува 87.000 денари, нема да биде оданочена со новиот прогресивен данок, со кој ќе се оданочуваат со дополнителни 8% платите над 90.000 денари.
Со новиот данок нема да бидат опфатени ниту платите на министрите. Како што објави еМагазин пред неколку месеци, нивните плати се движат од 65.000 до 71.100 денари.
Од новиот данок ќе се „спасат“ и советниците на Заев.
Во просек како што објави пред неколку месеци еМагазин, нивните плати се движат од 30.000 до 74.957 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тевдовски: Со министерска плата не можам да обезбедам моите деца да одат во приватно школо
Анѓушев: Јас сум еден од тие кои подлежи на новиот данок
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.