еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Се породи заболена жена со коронавирус од Куманово

На 30 март 2020 година, на Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје е примена второротка од Куманово на возраст од 27 години која во 20:15 часот поради намалена плодова вода и знаци за фетално страдание е породена со царски рез, информираат од таму.

„Пациентката е спроведена и породена во изолација, заради фактот што таа како суспектна на Ковид-19 и упатна дијагноза која укажува на намалената плодова вода e најавена и испратена на Клиниката преку својот матичен лекар.

На пациентката освен комплетната лабораторија, земен и е и брис за Ковид-19 чиј што резултат е стигнат на 31 март, попладне во 18 часот и истиот е позитивен на вирусот.

Пациентката роди живо машко новороденче кое е недоносено и во моментов се наоѓа на одделот за интезнивна нега и терапија на ГАК.

Новороденчето е изолирано и е во добра општа состојба, не е на респиратоена машина, туку само е со кислородна хауба. Денеска на бебето ќе му биде земен брис и ќе му биде направен тест на Ковид-19.

Пациентката при приемот беше без покачена температура, но во својот исказ посочи дека пред три дена имала треска и се пожалила на сува кашлица. Пациентката укажа и на тоа дека член на семејството има симптоми кои може да укажуваат на инфекција со Ковид-19.

Со пациентката е постапено според сите протоколи за прием на заразен пациент како во однос на нега и третман, така и во однос на адекватна заштита на персоналот и изолација на пациентот.

На 31 март родилката почна да развива потешка клиничка слика, отежнато дишење со намалена сатурација, по што е веднаш префрлена и хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Истакнуваме уште еднаш дека во текот на целокупниот престој на пациентката на Клиниката за гинекологија и акушерство, од приемот до исписот, со неа е постапувано според сите начела за превенција и заштита од Ковид-19, како во поглед на изолацијта на пациентката така и во однос на преземените мерки за заштита на медицинскиот персонал и останатите пациенти,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Гинекологија почина родилка од Охрид донесена со мртов плод, се утврдува дали имала коронавирус

Дебар, Скопје и Куманово во 4 фаза, какви се проценките на ризикот за ширење на коронавирусот

35 случаи на здравствени работници заболени со коронавирусот, 26 се заразиле во болница

24 од новозаболените со коронавирусот имале контакт со потврден случај, 7 неодамна патувале во странство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски заболен од корона вирусот

Редакција

(Фото) Вучиќ им зготви вечера на Заев и Рама во Словенија, им направи мангулица во леб

Редакција

Топ пет највисоки нето-плати во март

Редакција