еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Подгорица официјално потврди: Груевски на 11 ноември влегол и излегол од Црна Гора

Министерството за внатрешни работи на Црна Гора соопшти дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски на 11. месецов влегол во Црна Гора и во истиот ден излегол од таа држава.

„По повод наводите објавени во медиумите, како и интересот на медиумите за ова прашање, а кои се однесуваат на тоа дека поранешниот премиер на Македонија Никола Груевски влегол во Црна Гора на 11 ноември 2018 година, во интерес на информирање на јавноста Ве известуваме дека Никола Груевски влегол во Црна Гора на наведениот ден и истиот ден излегол од земјата“, се наведува во соопштението од црногорското МВР.

Во соопштението се дополнува и дека црногорската полиција во овој случај „во целост ги испочитувала законските процедури“.

Претходно, албанската полиција соопшти дека Груевски преку Албанија заминал за Унгарија.

Секторот за граница и миграција при албанската државна полиција во соопштение наведе дека Груевски Албанија ја напуштил на 11 ноември во 19:11 часот преку преминот Хан Хоти-Муриќан, на албанско-црногорската граница, како патник во автомобил со регистарски ознаки CD1013A, сопственост на амбасадата на Унгарија во Тирана.

Унгарските власти пак објавија дека Груевски побарал политички азил во унгарско претставништво надвор од Македонија, но отфрлија каква било инволвираност во неговото бегство.

МИА/Фото:Фејсбук/Никола Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На крај Груевски на Фејсбук ќе ни раскаже како избегал

Кој му помогнал на Груевски да влезе нелегално во Албанија?

Тирана официјално потврди: Груевски преку Албанија заминал за Унгарија на 11 ноември

Како избега Груевски: Освен двата одземени пасоши имал ли и трет со друг идентитет?!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Пендаровски Кирил Петков зборува како Нелсон Мендела споредено со неколкумина министри од владата на Борисов

Редакција

Никола Груевски не е во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ велат од партијата, за да полицијата провери и треба налог

Редакција

Наскоро отвараме редакција во Македонија, вели за еМагазин, првиот човек на Блумберг Адрија, Само Ошина

Редакција