Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти меѓу 6 и 15, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб претежно северен ветер, со утринска температура од 13 и максимална до 33 степени.
До среда ќе се задржи сончево и топло време. Дневните температури ќе бидат високи за овој период од годината, особено во вторник.
Значителна промена на временската состојба со наоблачување, врнежи од дожд и намалување на температурата се очекува од четврток.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.