Дали Русија успева да го држи корона вирусот под контрола е прашањето што во својата анализа го поставува Си-ен-ен, при тоа отварајќи ја дилемата како оваа земја со 146 милиони жители има помалку заразени отколку Луксембург кој има популација од само 628.000 лица.
Според Си-ен-ен, иако расте бројот на потврдени случаи на заразени во Русија изнесува само 253 лица, додека во Луксембург заклучно со измината сабота имало 670 заразени и осум смртни случаи.
Телевизијата ја пренесува изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека неговата земја успеала да спречи масовно ширење на заразата и дека сосотјбата е под контрола благодарение на раните и агресивни мерки за превенција.
Меѓу раните мерки е онаа за затворање на границата со Кина уште на 30 јануари, како и воспоставување на карантин-зони, што според експертите значително влијаело врз ваквата состојба.
Исто така, Русија ги послушала препораките на Светската здравствена организација (СЗО) за масовни тестирања и од крајот на јануари биле спроведени 156.000 тестирања за корона вирусот.
Целата сторија ТУКА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пациент со коронавирус во Тирана прогласен за мртов, а преживеал клиничка смрт
(Фото) Автобуси преполни се луѓе: Јавниот превоз закана за ширење на корона вирусот?
Фото: РТ