еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Помилувањето ги засени хонорарите: „СЈО е мртво, да живее Уставен!“

Огромен број реакции предизвика најавата дека Уставен суд ќе ја преиспитува законитоста на дополнувањето на Законот за помилување во 2016 година со кое се создаде можност претседателот на Републиката да го поништи веќе даденото помилување.

Реагираа политички партии, институции и воопшто граѓаните на социјалните мрежи во неверување дека во Македонија повторно се зборува за помилување за обвиненија за кои се уште се во тек судски постапки.

Интересно е што најавата дека Уставниот суд ќе го отвара прашањето на помилувањето доаѓа во ист период кога јавноста бруеше за високите надоместоци и хонорари што биле исплаќани во Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Уште поинтересно е што освен „ревизијата“ на Законот за помилување, до Уставниот суд е поднесена иницијатива и за преиспитување на Законот за амнестија за собраниските настани од 27 април.

Ваквите играрии со правосудниот систем во земјава пред се од страна на најголемите политички партии, нивните елити и пипци во судството се најверојатно една од главните причини зошто Македонија веќе не е во Европската Унија.

Единствена позитивна работа по најавата за ревидирање на Законот за помилување е што и СДСМ и ВМРО-ДМНЕ декларираат дека се против нова аболиција.

Имено, СДСМ поднесе барање до Собранието за толкување на спорниот член 11 со кој беше дополнет Законот за помилување, а претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски излезе со став дека не поддржува аболиција.

Двете страни заедно имаат одлучувачко мнозинство во собраниските комисии и во Собранието воопшто така што со брза интервенција можат да го запрат евентуалното заживување на аболицијата и да му ги врзат рацете на Уставниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уставен поведе постапка за оценување на членот 11-а од дополнувањето на Законот за помилување

Во Собранието се најавува расправа за автентично толкување на Законот за помилување

Трендафил Ивановски: Уставниот суд не треба да го урива принципот на владеење на правото и да го штити криминалот

„Сите ќе ги амнестираат само Катица ќе лежи“: Твитер реакции за можното враќање на амнестиите на Иванов

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Турските пратеници се степаа за буџетот, еден заврши на интензивна нега

Редакција

Кој е Енвер Хусејин, заменикот на Јагода Шахпаска

Редакција

(Галерија) Струга новогодишно накитена

Редакција