Автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници од денеска, 20 јануари, ќе возат бесплатно за граѓаните на Скопје. Одлуката денеска ја донесе Град Скопје и стапува во сила веднаш, а ќе важи до моментот на намалување на загадувањето на воздухот за што јавноста ќе биде дополнително известена.
Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху на прес-конференција соопшти дека е донесена и одлука за прекинување на сите градежни активности на градилиштата што се под надлежност на Град Скопје и ги повика и градоначалниците на скопските општини исто така да ги прекинат градежните активности.
Цените на паркирањето на паркиралиштата на Градски паркинг од денеска двојно се зголемуваат и тоа ќе важи до престанување на оваа одлука.
Ова се некои од мерките и препораките за кои денеска одлучи Град Скопје поради големото аеро загадување во главниот град.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Твитер „зовре“: „Само ние и бубашвабите можеме да издржиме вакво загадување„
Какви Водици во гнасни води, какво Богојавление кога ни прст пред око не се гледа