Санела Шкријељ е новата заменик министерка за труд и социјална политика во техничката влада.
Приватно
Родена е на 22.04 1981 година.
Какво образование има
Таа е дипломиран психолог. Дипломирала на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Работно искуство
На функцијата доаѓа од позицијата шефица на Кабинетот на поранешната министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска.
Од 2008 до 2010 година работи во УСАИД на проект за рециклирање.
Од 2007 до 2008 година работи во УНДП Македонија, Партнерство за развој на заедници.
Од 2006 до 2007 година е во УНДП, работи на проект за посредување на вработување на млади.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОРТРЕТ: Која е Гордана Димитриеска Кочоска, новата заменик министерка за финансии
ПОРТРЕТ: Која е Славјанка Петровска, заменик министерката за внатрешни работи
Фото: Фејсбук/Шкријељ