еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Потенцијалот на македонската винска индустрија пред пратеници во Европскиот парламент

Здружението „Вина од Македонија“ се претстави како успешен пример на асоцијација од Југоисточна Европа на Конференцијата за вино во Стразбур, што се одржа на 16 април 2019.

Претставници на „Вина од Македонија“ пред Комисијата за земјоделство на Европскиот парламент ги презентираа состојбите и плановите за унапредување на винската индустрија во регионот, со цел успешна интеграција во глобалната и европската економија.

– Оваа конференција беше одлична можност да се слушнат фактите за производството на вино, моменталните трендови и навиките на потрошувачите во Европската Унија. Од друга страна имавме можност да ги истакнеме потенцијалите на македонската винска индустрија, но и приоритетите во однос на унапредувањето на конкурентноста, заштитата на географското потекло и регистрацијата на географските ознаки за вино во Македонија.

Ја искористивме посетата на Стразбур за да побараме поддршка од присутните европарламентарци околу користењето на името на винскиот регион Македонија и координација на сите поврзани правни и стручни аспекти околу ова прашање во наредниот период – изјави Елена Младеновска – Јеленковиќ, извршен директор на здружението „Вина од Македонија“.

Во рамки на конференцијата беше организирана и студиска посета на вински подрачја во Франција и Германија, како и дегустација на вината од земјите учеснички од Југоисточна Европа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство побара затворска казна за Рашковски и да му се забрани да биде професор

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на Заев: Може експертска влада, предводена од заеднички прифатлива натпартиска личност

Редакција

(Фото) Еден и единствен – потполно новиот BMW Серија 1 пристигна во Македонија

Редакција