Вчера во Македонија се регистрирани вкупно 68 нови случаи на заболени од коронавирусот од 9 градови.
Најголем број од пријавените лице се со место на живеење во Куманово, Скопје и Прилеп.
“Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст од 30-39 години (15), а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 44 женски и 24 машки лица.
Хоспитализирани се 11 лица, а останатите се на домашно лекување. Нема испишани оздравени лица по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2.
Кај 21 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).
Вкупно 41 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а регистрирани се две лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).
Тестирани се вкупно 404 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Позитивни се 68 или 16,8% од тестираните“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов раст: 117 здравствени работници во Македонија заразени со коронавирусот
Убава вест: Излечени 41 лице од Ковид-19 во Македонија
(Мапа) Куманово „печен“ за карантин, кумулативната инциденца над 140
(Табела) Најмногу заразени со Ковид-19 во Скопје, Куманово, Дебар, Штип и Прилеп
Табела: ИЈЗ