Орце Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ кои се осомничени за случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) се ослободени од куќен притвор со одлука на Врховниот суд и тие ќе може да се бранат од слобода.
Информацијата, очекувано, предизвика реакции во јавноста и на социјалните мрежи.
Ви пренесуваме дел од реакциите на Твитер:
И што им пишува во ослободителното решение на Орце Камчев и Пендалески?
* До наредната ПР потреба на владата може слободно да се движите….— Emilijano (@EmilijanoJ) March 4, 2019
Ај погодете кој ќе ја плати изборната кампања на сдсШ. pic.twitter.com/pang7rlWjy
— Ацо Мерако (@AcoMalio) March 4, 2019
Камчев на слобода. Ви реков јас сменете името че си лежат хаахахха
— Ристо Разбираш (@luck15c) March 4, 2019
ОРЦЕ КАМЧЕВ Е НА СЛОБОДА ОД ДЕНЕСКА
ПРАВДА ЌЕ ИМА
— Џагдиша (@djagdisha) March 4, 2019
Срѓан Керим со хрватска путовница – го нема никаде за правосудните органи.
Орце Камчев со новото решение од Врховен, има право легално да замине во Бугарија, каде бугарскиот пашапорт го штити од екстрадиција.
Никола Груевски безбеден во азил.
ТОЛКУ од НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР!🤬
— Чорбаџи Ја (@CorbadziJa) March 4, 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Камчев, Панделески и Јосифовиќ се ослободени од куќен притвор, ќе се бранат од слобода