Денеска собраниската Комисија за европски прашања треба да расправа по Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2020 година, во прво читање.
Од она што досега слушнавме од власта и опозицијата, тие не се согласуваат и за оваа прашање, а како ќе изгледа расправата и дали истата воопшто ќе почне и кога истиот закон ќе ги помине сите собраниски филтри останува да видиме.
Последниот попис во Македонија е спроведен во далечната 2002 година, што земјата ја става во ранг на афрички земји.
Обидот за попис на населението во 2011 година беше неуспешен, а Специјалното јавно обвинителство (СЈО) пред неколку месеци отвори истрага „Попис“ за поранешниот премиер Никола Груевски, кој во меѓувреме стана азилант во Унгарија и лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, кои според СЈО се договориле да го одложат спроведувањето на веќе почнатиот попис.
Според последните официјални информации од СЈО, „Попис“ е во истражна постапка, а биле испитани и повеќе сведоци.
Како и да е, јавна тајна е дека од времето кога беше спроведен последниот попис, од Македонија се иселија илјадници жители и никој повеќе не верува дека земјата има 2 милиони жители.
Време е навистина да се преброиме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Можно ли е повторно одложување на пописот: Што пишува во законот кој „дреме“ во Собранието?
Стартува пробниот попис на населението, домаќинствата и становите
Мицкоски: Не сме против пописот, бараме реална статистичка операција