еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Преземени се сите неопходни мерки за расчистување на случајот со Пендиков, вели Спасовски

МВР и сите други институции ги презедоа сите мерки виновниците во случајот со нападот врз Христијан Пендиков во Охрид да бидат изведени пред лицето на правдата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по средбата со неговиот бугарски колега Иван Демерџиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Нема да се дозволи никаков инцидент на чествувањето на Гоце Делчев, уверуваат Спасовски и неговиот бугарски колега

МВР, нагласи Спасовски, за сите случаи постапува подеднакво посветено со цел виновниците да бидат изведени пред лицето на правдата и санкционирани. Нашата крајна цел, нагласи тој, е да се обезбеди безбедност за сите граѓани и за сите лица коишто престојуваат во нашата држава.

– Во врска со нападот врз Пендиков за којшто исто така разговаравме на денешната средба, МВР веднаш ги презеде сите неопходни мерки, како и другите органи. Во делот на истрагата имаме едно лице за кое што е определена мерка притвор и се постапува и понатаму во ширење на истрагата во однос на овој случај, рече Спасовски.

Неговиот бугарски колега истакна дека добил уверување од Спасовски оти случајот ќе биде истражен целосно.

– Целта е не само да се преземаат мерки. Целта е да не се повторуваат такви инциденти во иднина, затоа што такви случаи и такви инциденти ги нарушуваат односите меѓу нашите две држави, кои традиционално се многу добри со високо ниво на соработка и заемно почитување и не е во ред такви инциденти да ги нарушуваат или пак да фрлат сенка врз нив, рече бугарскиот министер за внатрешни работи.

Тој, како што рече е уверен дека иднината на двете земји е врзана со Европската унија – Бугарија е членка, а Македонија оди по тој пат.

– Но, многу е важно да се знае дека говорот на омразата не е дел од тој пат. Државите во Европа споделуваат вредности и јас мислам дека во текот на денешниот разговор взаемно се убедивме со колегата Спасовски дека двете наши држави ги споделуваат тие европски вредности, истакна Демерџиев.

Работната средба на двајцата министри се одржа денеска во Министерството за внатрешни работи во Скопје. На средбата, како што рече Спасовски, била потенцирана одличната соработка меѓу полициите на двете земји.

Била потврдена посветеноста на унапредувањето и продлабочувањето на билатералната и оперативна соработка во насока на зајакнување на регионалната соработка, билатералната и оперативната соработка како еден од главните приоритети, посебно во борбата против организираниот криминал, трговијата со луѓе, недозволената трговија со дрога, криумчарењето на мигранти и справувањето со илегалната имиграција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов да ги праша Радев, Костадинов и Џамбаски за руското влијание за Пендиков во Македонија

Се уште не било безбедно Пендиков да се врати во Македонија, вели бугарскиот министер Милков

Го сфатија ли сценариото со Пендиков во ЕУ?

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи вели дека не го засенувал Димитров

Редакција

Јавниот превоз за празниците ќе функционира по неделен возен ред

Редакција

Потпретседателот на Европската комисија, Борел доаѓа во Македонија на 16 март

Редакција