Истрагата што бугарските истражни органи ја водат за трагичната несреќа на автопатот близу Перник, Бугарија, во која во автобусот на превозник од Македонија загинаа 45 патници, наидува на одреден проблем, бидејќи е изгорен тахографот што го бележи движењето на автобусот, пренесува Мета.
Бојко Рановски од извршната агенција „Автомобилска администрација“ за Бугарското национално радио (БНР) појасни дека не може да се извлечат податоци од тахографот.
Рановски објасни дека врз основа на информациите од институцијата со која раководи, од граничниот премин „Капетан Андреево“ до местото на инцидентот, не се регистрирани нарушувања на правилата за движење.
„Нема податоци дека автобусот се движел со прекумерна брзина“, изјави тој, додавајќи дека биле почитувани сите задолжителни времиња за одмор.
Тој во изјавата додава дека податоците од камерите на граничните премини и на бугарската патна агенција ќе може да се искористат од истражителите за утврдување на причините за сообраќајната несреќа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почната постапка за одземање на лиценцата на „Беса Транс“, немала извод од лиценца за автобусот
Против „Беса Транс“ годинава четири кривични пријави за непочитување на ковид протоколите
Се огласија од „Беса транс“: Компанијата во целост соработува со надлежните институции
Фото: МИА