еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Омикрон сојот и кај нас има помала стапка на смртност, но не и драстично помала како во државите со висока вакцинираност

Со вчерашните 1.996 нови случаи, помалку од рекордните 2.332 минатиот вторник, добивме потврда за крајот на нагорниот и почеток на надолниот тренд, пишува проф. Дејан Трајковски во најновата анализа за ковид-состојбата во земјава.

„Врвот бил постигнат уште на 23.01.2022, точно како што рековме тогаш, врз основа на ефективниот репродукциски број Rt.

Седумдневната подвижна средина веќе се намалува (зелената линија на вториот дијаграм), со тенденција на понатамошен пад.

Многу важно е што и стапката на позитивни тестови го достигна врвот уште на 24.01 и истата веќе се намалува (црвената линија на третиот дијаграм).

Со искуството од претходните бранови, методите за предвидување на врвот веќе се доведени до совршенство, па овој пат не моравме да чекаме да се намалат бројките, туку точно го констатиравме денот на врвот, кога многумина не веруваа.

Единствено дневниот морталитет искачува кон врвот, но и тој ќе биде достигнат за неколку дена.

35 починати секако се голем број, но да се потсетиме дека во досегашните бранови имавме дури 29 дена со 35 или повеќе починати.

Омикрон сојот навистина има помала стапка на леталитет, но не и драстично помала.

Ако порано стапката изнесуваше околу 3,5%, таа моментално изнесува околу 1,5%, што при вакви високи дневни броеви на нови случаи неминовно води кон голем број на починати.

Леталитетот е навистина драстично помал – ама само во високовакцинираните земји.

Кај нас можеше да биде како и кај нив, но залудно се изгубени премногу животи поради неразбирање на работите (разликата во морталитетите кај вакцинираните и невакцинираните, како и ефективноста на вакцините против смртен исход, за коишто често читаме на ова место), како и поради крајно ирационалните и штетни антиваксерски ставови, чиј резултат го гледаме во дневните извештаи за починатите.

Во Македонија некои поуки навистина тешко се извлекуваат,“ пишува Трајковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Д-р Даниловски: Се заразуваат и вакцинирани зошто се вакцинираа со кинески вакцини

Во Македонија се уште е присутен и делта сојот на Ковид-19

Доктор Демири: Kaj невакцинираните, омикронот знае да има тешка клиничка манифестација

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов домашен бренд на природен сок од калинка: Семејната компанија Органик Нар од Богданци започна со производство на Art Juice

Редакција

Убава вест: 7 здравствени работници се оздравени и вратени на работа

Редакција

(Видео) Доналд Трамп е уапсен

Редакција