Проф. Дејан Трајковски во најновата анализа за состојбата со Ковид-19, препорачува, тие што не се вакцинирале, подобро е периодов да не излегуваат од дома.
„10.11.2021. После извесно време, одново се вративме на преку 20 починати дневно.
Со доцнење зад бројот на новодијагностицирани, започнува нов нагорен тренд и на бројот на починати (портокаловата линија на првиот дијаграм).
Исто така, на фазниот портрет H-I (хоспитализирани наспроти активни случаи, кривата одново заврти нагоре и надесно, што значи нов раст на бројот на активни и хоспитализирани).
Растот не е многу брз (една точка претставува една недела на овој дијаграм и истите не се многу оддалечени една од друга), но во секој случај се движиме кон нов врв.
Тие што не се вакцинирале и не прележале, најдобро да си купат по една вреќа брашно и грав и да не излегуваат додека ова не помине.
При голем број на новозаразени, во воздухот има голема концентрација не само на заразни капки, туку и на аеросоли.
Против нив не помага ни одржување растојание во затворени простории – на пример во маркети, а за диско клубови да не зборуваме, така што речиси е невозможно незаштитените да куртулат од заразување од Делта сојот на вирусот,“ вели Трајковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Трајковски/Фејсбук