Професорот на Технички факултет во Битола, Дејан Трајковски, редовно на својот Фејсбук профил ја анализира состојбата со коронавирусот, а оваа е неговата последна анализа за актуелната состојба со Ковид-19 во Македонија.
“Продолжува спорадичното заразување, дневните бројки се случајни и практично немаат тренд, така што како најдобар индикатор ни останува 14-дневната инциденца.
Таа моментално изнесува под 20 нови случаи на 14 дена на 100.000 жители, со што Македонија се наоѓа во првиот, низок степен од ризик за ширење на заразата.
Ова не остана незабележано од европските земји, па сосема очекувано некои од нив ги укинале ограничувањата за влез во земјата на македонските државјани.
Епидемиски пренос одамна немаме, се работи за случајни, изолирани и неповрзани случаи, какви што има во текот на целата година од разни одомаќени заразни болести.
При вакви ниски бројки, доколку влезе индискиот сој и започне да се шири, тоа ќе биде веднаш забележано (и ќе може нешто да се преземе), бидејќи броевите на случаи од британскиот сој не се големи, а во наредниот период би требало да се движат помеѓу 0 и 20 на ден“, пишува тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Трајковски/Фејсбук