еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Путин во Белград на 14. средба со Вучиќ: Ќе го чуваат снајперисти, 7.000 полицајци, 250 руски специјалци и три српски мига

Во Белград денеска пристигнува рускиот претседател Владимир Путин, кој со српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ја оствари 14-та средба, од кои во Белград ова ќе биде нивна втора меѓусебна средба.

Белград се подготвува за оваа, како што е најавена „историска посета“, со досега невидени мерки на безбедност, со околу 7.000 припадници на сите безбедоносни служби и околу 250 руски специјалци и три српски мига кои ќе се грижат за нивната безбедност.

На граѓаните на Нов Белград им е препорачано да не излегуваат на терасите на нивните домови, да ги тргнат автомобилите, ќе биде изменет режимот на сообраќајот во одредени делови на Белград.

Секој вид движење по трасата по која ќе се движи Путин и која се уште е државна тајна, ќе биде забранет како и објектите кои тој ќе ги посети, заварени се шахтите, а ќе бидат распоредени и повеќе снајперисти.

Рускиот претседател ќе се вози низ белградските улици со својот „бункер на тркала“-аурус, еден од најзаштитените и најбезбедни автомобили во светот, специјално допремен од Москва за оваа посета.

Руските разузнавачи се веќе во Белград, со технологија за спречување на напади со дрон, а најголемото обезбедување ќе биде кај храмот Св.Сава, каде се очекува обраќање на рускиот претсетел, каде покрај српскиот патријарх Иринеј, најавено е и присуството на десетици илјади граѓани и подржувачи на Путиновата политика.

Покрај претседателот Владимир Путин, во Белград се најавува и присуство на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, како и на првиот човек на агенцијата за вселенски истражувања, „Роскосмос“, Димитриј Рогозин. Покрај нив, во руската делегација ќе бидат и повеќе министри, генералниот директор на „Руски железници“, ректори на три поголеми универзитети…

Од српска страна, покрај претседателот Вучиќ, најавено е присуството на премиерката Ана Брнабиќ, вицепремиерот и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ, министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ и други министри.

Како што најави српскиот претседател Александар Вучиќ, со Русија ќе бидат потпишани 21 договор, вредни повеќе стотици милион евра, на полето на инфраструктурата, железниците, земјоделието, иновациите, образованието, дигитализацијата, реновирањето на хидроелектраната „Ѓердап 2“ и др.

Во поглед на енергетиката се очекува да стане збор за приклучување на Србија на гасоводот Турски тек, а во поглед на воената соработка испораката на тенковите Т-72 и против-воздушните системи.

Централна тема на средбата секако ќе биде Косово и поддршка што и ја дава Русија на Србија, можното вклучување на Русија во косовскиот дијалог и воено-политичката неутралност на Србија, во поглед на НАТО.

МИА/Фото: Mkhall Metzel/TASS

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Путин во Белград со новиот автомобил, „бункер на тркала“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста во првото тримесечје од годинава

Редакција

Пораките со лажни пријави за бомби се пуштени однадвор, вели Спасовски

Редакција

Објавен предлог-законот: Кои работодавачи ќе добијат субвенции за зголемување на платите?

Редакција