еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) ЦК на ВМРО-ДПМНЕ поради силна соработка со Заев го разреши потпретседателот Митко Јанчев

Заради дејствување спротивно на интересите на ВМРО-ДПМНЕ, но и на Македонија, заради силна соработка со Зоран Заев како и организирање на група за притисоци, уцени, закани и поткуп на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со цел да гласаат за уставните измени, а користејќи најниски методи, Централниот Комитет (ЦК) на партијата го разреши потпретседателот на партијата, Митко Јанчев, информираше по завршувањето на седницата Александар Николоски, потпреседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што информираше согласно Статутот на партијата тоа ЦК го направил со тајно гласање, на кое што сите членови на ЦК гласале тајно и резултатот бил едногласен.

“Сите одлучија дека истиот треба да е разрешен“, рече Николоски.

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ го разреши и членот на Извршниот комитет, Констадин Богданов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се причините: Сашо Мијалков и Никола Тодоров пред исклучување од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски побарал вонреден конгрес за да се гласа за негова доверба, ЦК на ВМРО-ДПМНЕ одбил

Јанчев: Ајде да направиме амнестија, би гласал за уставните измени

(ВИДЕО) Митко Јанчев, потпреседател на ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Грција не е добар, но тешко во иднина да постигнеме подобар

Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Водици нема да се скока по крстот во Охридското Езеро поради Ковид-19

Редакција

Чеченскиот лидер Кадиров му порача на Путин да размисли за употреба на нуклеарно оружје во Украина со мала моќност

Редакција

Горан Марковски поднесе оставка од Одборот на директори на Раде Кончар – Апаратна техника

Редакција