Директорката на скопската гимназија „Никола Карев“ е разрешена откако на социјалните мрежи се појави видео во кое таа им се заканува на учесниците што денеска протестираа против загадувањето.
Ни забрануваат да протесттираме за чист воздух !
Директорке УААААА ! Нема да не заплашите имаме право на протест!#FridayForFuture
Posted by Средношколците за Македонија on Петок, 20 декември 2019
Решението за разрешување е донесено од страна на градоначалникот Петре Шилегов веднаш по објавената снимка.
– Градот Скопје им укажува на сите раководители на своите институции дека во својата секојдневна работа треба да ги исполнуваат принципите според кои се избрани како почитувањето на правото на слободно мислење, правото на протест и демократскиот натпревар на идеи. Оваа градска администрација стои зад сечие право на протест и слободно мислење и во неа нема место за закани кон средношколците и нивното демократско право на собир и протест, се вели во соопштението од Град Скопје.
Оттаму посочуваат дека правото на здрава животна средина е неприкосновено, исто како и правото да се протестира за него.
– Битката против климатските промени и за чистиот воздух мора да биде заедничка, на институциите, но и на граѓаните. И не само декларативна, туку и конкретна. Институциите да предначат, а граѓаните со свој пример да учествуваат во неа. Само така, таа битка може да ја добиеме. Сите заедно. Токму заради иднината на нашите млади, велат од Град Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Македонските средношколци со бојкот на наставата против загадувањето
Фото: Фејсбук/Скопје мора да дише/видео: Фејсбук/Средношколците за Македонија