еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Рускоска најави финансиска истрага за судиите кои ја пуштија Јанева во домашен притвор

Обвинителката Вилма Рускоска најави дека ќе покрене финансиска истрага за судиите кои донесоа одлука за куќен притвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

– Не знам кои се судиите. Чекам да го добијам решението, но ќе покренам финансиска истрага, изјави Рускоска за МИА.

Јанева вчера го напушти затворот Скопје во Шуто Оризари и замина во куќен притвор откако скопскиот Апелациски суд донесе одлука со која ја уважи жалбата на Јанева и и одреди мерка куќен притвор.

Јанева беше уапсена како осомничена за случајот „Рекет“ на 21 август по што судот и одреди мерка притвор. На 3 декември е закажано првото судско рочиште за случајот „Рекет“. 

МИА/Фото: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Каде Катица Јанева ќе биде во домашен притвор

„Аирлија нов бегалец„: Твитер реакции за одлуката Катица Јанева да оди во домашен притвор

Заев за пуштањето на Јанева од затвор: Притворот не треба да биде казна

ВМРО-ДПМНЕ: Да не беше трагична, одлуката за ослободување на Јанева од притвор ќе беше смешна

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила пратеничката Рашела Мизрахи

Редакција

Штипскиот математички гениј Дамјан Давков ќе се натпреварува на Интернационалната математичка олимпијада

Редакција

H&M прославува 20 години од легендарните соработки со гостински дизајнери со лимитирани реизданија на претходно сакани парчиња

Редакција