еМагазин
Свет

САД со најголем број смртни случаи од корона вирусот, Италија падна на второто место

Од вчера САД се држава со најголем број починати лица од коронавирусот – 20.580. Италија сега е на второто место со 19.468, по што следат Шпанија со 16.480 и Франција со 13.832 жртви.

Во САД, најголем број дневни жртви се регистрирани во изминатите четири дена, околу 2.000 на ден, со најголем број во градот и државата Њујорк.

САД се рангирани на прво место и по број на заразени, во моментов 533.115.

Следуваат Шпанија со 163.027, Италија со 152.271 и Франција со 129.654 потврдени случаи.

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи голема катастрофа во државата Вајоминг поради пандемијата на новиот коронавирус и сега сите 50 држави во САД се во тој статус.

Според портпаролот на Белата куќа, Џуд Дир, ова е првпат во историјата да е на сила состојба на голема катастрофа во сите 50 држави во исто време.

Гувернерот на Вајоминг, Марк Гордон побара да се донесе мерката.

„Иако Вајоминг не беше во сериозни тешкотии како другите држави, таа мерка ќе ни овозможи да ги подготвиме и мобилизираме ресурсите за моментот кога ќе ни требаат“, рече Гордон.

Прогласувањето состојба на голема катастрофа на сојузните и државните влади, како и на одредени непрофитни организации, го прави достапно федералното финансирање.

На владите на државите исто така им е дозволено да се координираат со федералните служби за итни случаи.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од половина милион заразени со корона вирусот во САД, рекордни 2.000 починати за 24 часа

(Видео) Редици пред продавниците за оружје во САД, се стравува од немири

(Видео) Несекојдневен настан: Руски воен авион со помош „против“ корона вирусот слета во САД

Македонка во САД: Живееме во социјална и економска криза како никогаш досега

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кина загрижена поради ескалацијата на ситуацијата во Украина

Редакција

(Видео) Во Мариупол, градот што повеќе не постои, прекин на огнот за евакуација на цивилите

Редакција

Премиерката Аунг Сан Су Чи го повика народот да не го прифаќа воениот удар, војската најави нови избори

Редакција