еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Седма жртва од експлозијата во Романовце, почина 55-годишен маж

Почина уште едно лице од повредените во експлозијата на плинската боца што се случи пред две недели во кумановското село Романовце, со што бројот на загинати се искачи на седум.

Од Клиниката за пластична хирургија за МИА потврдија дека лицето починало во шест часот изутрината на Клиниката за неврохирургија. Станува збор за 55-годишен маж.

– Лицето почина во 06:00 часот утрово на интензивна нега на Неврохирургија. Претходно лицето се лекувало на Клиниката за пластична хирургија, но поради сериозност на повредите е префрлен на интензивна нега на Неврохирургија, изјави директорката на Клиниката за пластична хируругија Софија Пејкова.

Починатото лице било со над 45 проценти зафатеност на телото со изгореници. Зафатени биле и дишните патишта, а имал и инхалациони изгореници.

Од несреќата во Романовце, се лекуваат уште три лица во старата Градска болница.

Директорот на болницата, Љубен Арсенков информира дека во најсериозна состојба е 31-годишно лице. Пациентот е стабилен, но се уште во животна опасност и е поврзан на апарати за дишење.

Во оваа болница е хоспитализирана и бремената жена, кај која состојбата е значително подобрена и е префрлена на одделение. Хоспитализираното десетгодишото дете е со висок процент на изгореници, но во релативно стабилна состојба.

Претходно починаа две жени, едната на 63-годишна возраст, а другата 36-годишна и еден маж на 58 годишна возраст. На местото на несреќата што се случи на 23 февруари загинаа три деца на осум, девет и 11 години.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР објави детали за сообраќајната несреќа во која загина лекарот Трајче Нешковски

Редакција

Ако компаниите ги намалат цените на производите повеќе од предвидениот процент, ќе се разговара да добијат државна поддршка

Редакција

ССМ утре ќе ја блокира улицата пред ОРМ и Стопанската комора, ако нема договор на ЕСС, најавува генерален штрајк

Редакција