еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што пишува во биографијата на Бујар Османи, новиот министер за надворешни работи

Бујар Османи, поранешниот вицепремиер за европски прашања е новиот министер за надворешни работи.

Роден е на 11 септември 1979 во Скопје.

Османи е оженет и е татко на две деца.

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на членовите на новата Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема недвижнини, но има кредит од 3,6 милиони денари: Каков имот пријавил Бујар Османи новиот министер за надворешни

Какво образование има

Дипломира на Медицинскиот факултет во Скопје во 2004 година.

Дел од својата специјализација по хепато-билио-панкреатична хирургија ја заврши во Лондон, Обединетото Кралство во периодот од 2006 до 2007 година, додека од 2012 година се стекнува со звање специјалист хирург.

Од 2014 е докторант на Школата за докторски студии при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Зборува и англиски и делумно француски јазик.

Работно искуство/политичка кариера

Првото работно искуство му е во 2004 година како доктор на медицина на Универзитетската клиника за хируршки болести „св.Наум Охридски„ во Скопје.

Истата година држел и предавања во средното медицинско училиште „Др.Панче Караџозов“ во Скопје.

Во 2008 година е назначен за министер за здравство на Република Македонија и таа функција ја извршува се до 2011 година.

Од 2011 година е Специјалист хирург во Универзитетска Клиника за Дигестивна хирургија – Скопје.

Во 2011 година исто така е назначен за Секретар за комуникација со јавност при претседателството на Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Од јуни 2017 година е назначен како заменик претседател на Влада задолжен за европски прашања.

Како заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања го координираше процесот на пристапување кон ЕУ и е Национален ИПА координатор.

За време на Ковид кризата е главен координатор на локалните кризни штабови и кризниот штаб на Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Импресивна биографија: Кој е Фатмир Бесими, новиот министер за финансии

Кој е Бојан Маричиќ, новиот министер за правда

Што пишува во биографијата на старо-новиот премиер Зоран Заев

Што пишува во биографијата на Мила Царовска, новата министерка за образование и наука

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По новинарите и полицајците се подготвуваат да се вакцинираат во Србија

Редакција

Мукаетов и членови на УО на Алкалоид купија акции на компанијата

Редакција

Пајазити има многу пресуди кои што се дискутабилни, оставам на Судскиот совет да одлучи за неговата кариера, изјави Мицкоски

Редакција