Мила Царовска, поранешната министерка за труд и социјална политика и вицепремиерка за економски прашања е новата министерка за образование и наука.
Родена е во 1984 година.
еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на членовите на новата Влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила Мила Царовска, новата министерка за образование и наука
Какво образование има
Дипломирала на Филозофскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Институтот за социјална работа и социјална политика.
Политичка кариера
Царовска стана вицепремиерка задолжена за економски прашања и координација со економските ресори во јануари 2020 година, а претходно во периодот од јуни 2017 година до јануари 2020 година ја извршуваше функцијата министерка за труд и социјална политика.
Царовска претходно беше и специјален советник во кабинетот на поранешната министерката за труд и социјала политика, Фросина Ременски.
Работно искуство
“Во својата професионална карира се стекнала со повеќегодишно искуство од областа на социјалната работа, меѓу кои и како фасилитатор во драмски работилници со деца сместени во институции, фасилитирање на едукативни работилници, СОС оператор и супервизор за консултации за корисници на дрога и нивните семејства, како и соработник на институциите за лечење на корисници на дрога, социјален работник на терен, советник за пред/пост тест за ХИВ/СИДА и истражувач на терен.
Нејзиното менаџерско учество во десеттици проекти од сферите на социјалната политика, опфаќаат различни категории граѓани како Роми, млади, зависници и покрива теми како што се домашното насилство, сексуални права, образование на ранливите групи, итн“, стои во нејзината биографија.
Царовска била ангажирана во дванаесетина домашни и меѓународни организации како експерт од својата област.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Бојан Маричиќ, новиот министер за правда
Што пишува во биографијата на Венко Филипче, старо-новиот министер за здравство
Економскиот промотор кој стана министер: Кој е Крешник Бектеши
Кој е Благој Бочварски, новиот министер за транспорт и врски
Фото: Фејсбук/Царовска