еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што пишува во биографијата на Радмила Шекеринска, старо-новата министерка за одбрана

Радмила Шекеринска е старо-новата министерка за одбрана.

Родена е на 10 јуни 1972 година, во Скопје.

еМагазин во серијал Ви пренесува што пишува во биографиите на членовите на новата Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила старо-новата министерка за одбрана, Радмила Шекеринска

Какво образование има

Магистрира на престижната школа за дипломатија и право „Флечер“ во САД во 2007 година и се стекнува со називот Магистер по меѓународни односи.

Дипломирала на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1995 година.

Работно искуство

На почетокот на својата работна кариера од 1997 до 2002 година работи како асистент на Електротехничкиот факултет.

Политичка кариера

Во мај 2017 година е избрана за министер за одбрана. На првата седница на Владата е избрана и за потпретседател.

Била пратеник во рок од четири мандати.

Била раководител со Националниот совет за европски интегации од основањето во 2008 до 2014 година.

Во 2009 и 2012 е избрана за Шеф на набљудувачките мисии на ОБСЕ/ОДИХР за претседателските и парламентарни избори во Киргистан и во Ерменија.

Во 2008 година беше избрана за еден од потпретседателите на Социјалистичката интернационала (СИ), функција што ја обавуваше до 2011 година.

Член е и на Претседателството на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) која ги обединува социјалдемократските, социјалистички и лабуристички партии во Европа.

Од 2002 година до 2006 година беше заменик претседател во Владата, задолжен за европска интегација и координатор за странска помош.

Во ноември 2006 година беше избрана за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Република Македонија (СДСМ) до 2008 година и со тоа станува единствената жена која досега раководела со една од големите политички партии во Македонија.

Моментално во СДСМ е заменик претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Јетон Шаќири, новиот министер за информатичко општетсво и администрација 

Кој е Арјанит Хоџа, новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Кој е Фатмир Бетиќи, новиот вицепремиер за економски прашања

Импресивна биографија: Кој е Фатмир Бесими, новиот министер за финансии

Фото: Шекеринска/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кандидатот за пратеник Сафет Бишевац, позитивен на корона вирусот

Редакција

Приведени седум лица за трагедијата кај Ласкарци: Неисправните сопирачки и брзото возење главни причини за несреќата

Редакција

Кодовите МКД и МК се во согласност со Преспанскиот договор, вели министерот Маричиќ

Редакција