еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Сите детали: Каква е постапката за дарување на крвна плазма, која кај нас за прв пат се употреби за лекување од корона вирусот

Кај нас, за првпат пред неколку дена беше земена крвна плазма од двајца пациенти, за лекување на заболените од корона вирусот.

Во крвната плазма на лицето кое било излечено од вирусната инфекција Ковид-19 има антитела кои организмот ги создал за време на борбата против болеста. Плазмата која ги содржи овие антитела кои се борат со инфекцијата се нарекува конвалесцентна плазма.

Таа се користи за лекување на заболените од Ковид-19, бидејќи се врзува за вирусот во организмот на болниот, го намалува неговото дејство, а со тоа ја намалува и прогресијата на болеста.

Терапија со конвалесцентна плазма се покажала ефикасна во борба против болести предизвикани од вирусите Ебола и САРС.

Со оглед на тоа дека не постои специфична терапија, ни вакцина, неодамнешните истражувања укажуваат дека конвалесцентна плазмa може да биде корисна во лекувањето на инфекцијата предизвикана од новиот коронавирус (SARS-CoV-2).

И Вие можете да спасите нечиј живот по закрепнувањето од болеста предизвикана од вирусот Ковид-19.

Кој може да дарува конвалесцентна плазма?

Конвалесцентна плазма може да дарува лице кое има оздравено од инфекција Ковид-19, ако ги исполнува стандардните услови за дарување на крв и дополнителните критериуми:

-Да имaат документиран лабораториски доказ дека биле болни од Ковид-19.

-Да имаат два негативни теста во рок од 24 часа.

-Да се минимум 21 ден без симптоми, по што ќе се направи дополнителен тест (трет) за да се потврди дека нема присуство на вирус.

-Машки дарители или женски дарители кои не раѓале или се негативни на HLA антитела.

-Ќе биде земен примерок за одредување на концентрација и/или титар на неутрализичаки антитела Anti-SARS-CoV-2.

Постапка за дарување на конвалесцентна плазма

Постапка за дарување на плазма се вика плазмафереза и се изведува со високо софистициран клеточен сепаратор.

Постапката трае од 40 до 60 минути и се издвојува од 300 до 600 мл плазма, а останатите компонетни се враќат на донорот. Плазмата која е дарувана е течниот дел на крвта кој брзо се надокнадува.

Дарител може да биде лице на возраст од 18 до 60 години со телесна тежина поголема од 60 килограми кој ги исполнува горе наведените критериуми.

Предонациски лабораториски испитувања:

-Крвна слика.

-Биохемиски анализи (гликемија, липиден статус, протеински статус-вкупни протеини да се повеќе од 60 гр/л, деградациони продукти,ензимски статус, CRP).

-Инфекции преносливи преку крв (хепатит Б, хепатит Ц, ХИВ и силфилис).

-Крвна група со скрининг на антитела.

-Концентрација и/или титар на неутарлизирачки антитела Anti-SARS-CoV-2.

-За дарители од женски пол, кои биле бремени ќе се прави и Anti-HLA антитела.

Потребно е да пополнете Форумлар кој можете да го најдете ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчестите претходни заболувања кај пациентите со коронавирус во Македонија

Температура и кашлица, најчестите симптоми кај заболените од коронавирусот во Македонија

Повеќе мажи, со претходни заболувања: Детали за починатите од коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) ЕКСКЛУЗИВНО: Како изгледа и што ќе нуди комплексот Аурора Козјак инспириран од Аурора ресорт и спа во Берово

Редакција

Пет починати од Ковид-19 во ноември

Редакција

На Фејсбук, група за „правда“ за Палевски, се договара и протест

Редакција