еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сите детали: Како била лекувана жената од Куманово, која е првата жртва на коронавирусот

Министерот за здравство Венко Филипче на вечерашната прес-конференција го појасни начинот како била лекувана почината 57-годишна жена во Куманово, која е прв смртен случај од коронавирусот.

Тој повтори дека таа двапати била тестирана и двапати тестот бил негативен.

Првпат во болница се јавила на 16 март со покачена температура и и бил извршен преглед, по што наредниот ден дошле заедно со синот со покачена температура. И двајцата негирале евентуален контакт со заболен или патување во странство.

-На почетокот сакам да изразам сочувство до семејството. Податоците што ги кажувам ги добив од болницата во Куманово и од службата за епидемиологија од Центарот за јавно здравје.

Првиот преглед на пациентката е направен на 16 март, дошла со температура и без други симптоми и кашлица, според кажувањата, веднаш биле поставени прашања од епидемиолошката анкета на што таа одговорила негативно, дека не патувала во странство, немала контакт со лице од ризичните земји.

Дадена е терапија, пуштена е на домашно лекување. Следниот ден на 17 март дошла со синот и двајцата со покачена телесна температура и без кашлица. Повторно е направена епидемиолошка анкета на коишто е негирана каква било поврзаност со евентуален контакт со заболен, со странец или пак патување во странство според кажувањето на изворите од болницата во Куманово, појасни министерот Филипче.

На 17 и 18 март примале терапија, повторно немале кашлица и третман добивале во дневната болница.

-На 19 март со нешто потежок наод на белите дробови, со индикација за рендген снимка констатирана е пневмонија и двајцата се сместени во Одделот за изолација.

Тогаш и кај мајката и кај синот се земаат брисеви, материјал за корона тест. На 19 и на 20 март во два наврати се направени анализи на материјалот. На 19 март на двајцата и тие се негативни.

А на 20 март се повторува тестот на мајката со оглед на тоа што тоа стои во препораките на СЗО ако негативен тест е во комбинација со потешка клиничка слика која може да укажува на постоење на болест предизвикана од коронавирус и тој повторен тест е негативен.

На 21 март состојбата се влошува, направени се обиди за реанимација, меѓутоа, за жал, тие се без успех по што пациетката починала, рече Филипче.

Со оглед на тоа што и компликацијата настанала нагло и нетипично за некоја друга болест, додаде тој, земен е посмртен уште еден материјал којшто е испитан и е тестот позитивен на коронавирусот.

-Преиспитани се повторно материјалите земени иницијално, повторно е потврдено дека се тие негативни. Разговаравме интензивно со експертите, консултиравме литература, тестот никаде во светот не е 100% сензитивен и тоа е докажано, рече министерот за здравство.

Тој истакна дека во моментов се прави епидемиолошка анкета со сите здравствени работници и според кажувањата ќе се постапи согласно информациите, податоците, начинот на пристапувањето дали тие ќе одат во изолација или евентуално ќе се направат соодветни тестирања.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прв смртен случај од корона вирусот во Македонија: Жената два пати била тестирана, тестовите биле негативни

Вкупно 114 заболени од корона вирусот: Регистрирано нови 29 од нив 22 во Скопје

Како банките ќе можат да им олеснат на граѓаните во кризата со корона вирусот?

Состојбата со корона вирусот од аспект на психолог: После фазата на гнев, ќе следи депресија па апатија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ексамбасадорот Димитровски репетирал пушка кон сосед

Редакција

Италија од 3 јуни ги отвара границите

Редакција

Немаше план за насилство на седницата на 27 април, тврдат дел од пратеници од претходниот собраниски состав

Редакција