Законот за употреба на јазиците и Законот за ратификација на Договорот од Преспа се објавени во Службен весник на Република Македонија, информираат од Службен весник.
“Јавното претпријатие „Службен весник на Република Македонија“ во број 7 од 14.1.2019 ги објави Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и Законот за употреба на јазиците.
Двете објави се во согласност со член 52, став 2 од Уставот на Република Македонија (Законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“ најдоцна во рок од 8 (осум) дена од денот на нивното донесување)“, велат од таму.
Согласно со тоа, се наведува во соопштението, а во врска со член 51, став 2 од Уставот на Република Македонија, во кој се вели дека: „Секој е должен да го почитува Уставот и законите“ и оваа институција, која е со закон овластена да ги објавува прописите во РМ, своето работење секогаш го остварува во рамките на Уставот и законите и само ја исполнува уставната обврска.
Од ЈП „Службен весник на Република Македонија“ наведуваат дека претпријатието е професионално и нема да дозволи мешање на политиката во неговото работење и нарушување на неговиот углед, како и дека за секој обид за нарушување на угледот ќе биде поведена соодветна судска постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Твитер за Законот за јазици: „Како е смештај дан требит на албански? За двојазичноста прашвам…“
(Фото) Ахмети со двоглав орел честиташе за Законот за јазици
(Фото) Законот за јазици без потпис на Иванов, објавен во Службен весник