еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Снимките на Јутјуб за Милошоски најава дека ќе се пукаат „бомби“ на сите страни

Дека во Македонија навистина следи една од највалканите предизборни кампањи најавуваат аудио снимките за поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, објавени на Јутјуб.

Милошоски вели дека истите се направени од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) во 2011 година, кога оваа институција ја водеше поранешниот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков.

Неодамна пак Милошоски најпрво во македонското Собрание, а потоа на прес конференција од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ пушти аудио снимки за лидерот на СДСМ и поранешен премиер, Зоран Заев.

Милошоски снимките за Заев ги предаде во Јавното обвинителство, а вели дека истите ги добил од укажувач, а изјави и дека не поседува други снимки.

Милошоски тврди дека зад пуштањето во јавноста на новите снимки, стои токму Заев и преку Фејсбук му порача дека ќе го отвори како пупка.

“Изгледа силно Ве здоболе објавата на двата материјали за вашите незаконитости, кои ми беа доставени од укажувач. И во право сте, допрва ќе ве боли. Како дојдовте, така ќе си одите!

Укажувачите ќе стануваат се побројни и се посмели, а јас уште помотивиран и во служба на јавниот интерес. Ќе Ве отворам како пупка! Се слушаме наскоро“, напиша Милошоски на Фејсбук.

Аудио снимките, или популарно наречени “бомби“ во Македонија веќе со години се главното орудие за политички, но и бизнис пресметки.

Се започна во 2015 година кога истите почна да ги објавува тогашниот лидер на опозицијата, Заев, а по него се појави плејада на други “објавувачи“ од Никола Тесла до U6e Big.

Јавноста никогаш не дознаа кои се „објавувачите“, освен кој стои позади прекраот Ел Чека, кој самиот и се престави на јавноста. Тој „заработи“ условна казна, која не ја почитува и продолжи со објавувањето на нови снимки.

Јавноста не дозна официјално и кој тоа прислушувал над 20.000 граѓани, бидејќи предметите на поранешното Специјалното јавно обвинителство (СЈО) кои ја третираат таа проблематика се уште немаат завршница.

Според СЈО зад прислушувањето стои УБК.

Тоа што кој ќе стигне објавува „бомби“ доволно покажува колку се ерозирани македонските институции, кои треба да го спречат овој тренд, кој и носи сериозна штета на државата, но и дека материјали стекнати на нелегален начин со прислушување на телефонски разговори или на друг начин поседуваат многу различни структури, кои без проблем за свои цели, а не за доброто на граѓаните, истите ќе ги објавуваат и во иднина.

Така да нема биде никакво изненадување, посебно сега пред избори да се појават и нови „објавувачи“ и да слушаме нови и нови “бомби“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милошоски вели дека „бомбите“ се од времето на Мијалков, на Заев му порача дека ќе го отвори како пупка

(АУДИО) „Пукнаа„ пет „бомби“ за Антонио Милошоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Мицкоски и Димитриевски дегустираа гравче на Беарс Мото Рок Фестивал во Куманово

Редакција

Кривична од Еврејската заедница за бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, кој утре се отвара во Охрид

Редакција

Акционерите одобрија: „ЗК Пелгонија“ го продава „Скопско поле“ на „Жито Полог“ за 3,2 милиони евра

Редакција