Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска ќе одлучува по барањето за одобрување притвор на пратеникот и поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, поднесено од скопскиот Кривичен суд, Одделение за организиран криминал и корупција.
Димовски, заедно со уште двајца поранешни министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и Ацо Спасеновски, како и поранешниот заменик-министер Кристијан Делев се под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил ексминистерот и актуелен пратеник, Љупчо Димовски
Притвор за Цветков и Делев, куќен притвор за Спасеновски, за Димовски дополнително ќе се одлучува