еМагазин
Image default
Македонија

Сопругата на Јанакиески си ја отвори душата на Фејсбук: Зарем треба борбата за правда да се сведе на мотото “уапси го Миле”

На Фејсбук се огласи сопругата на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, Сања Јанакиески.

„Долго време сакам да напишам нешто, но знам дека секој ќе го оцени тоа на свој начин од свој агол, веќе се плашам од се дури и од тоа да кажам нешто гласно во што верувам.

Некои ќе ме осудат, некои ќе ме охрабрат и ќе сочуствуваат, а некои едностсвно ќе поминат низ тоа без да оценуваат, оставајќи времето да ја дефинира вистината.

Миле го познавам речиси од дете и го знам најдобро од сите. Сме поминале многу. Пријателите ми викаат премногу, дури колку за два живота, а јас ќе кажам премалку зашто за секој поминат ден му благодарам на Бог што сум го запознала.

Се сеќавам на првиот бакнеж во Леоне, па до кавгата за тоа кој е подобар возач и дали лево е вистинското десно, сме се радувале, сме тагувале, сме сакале и ценеле, сме тажеле и гордееле… знам дека на многу ова ќе им звучи патетично, некои ќе ме осудат и нема да го одобрат ова, но јас не знам што повеќе и не знам како понатаму.

Многу се нашле во ваква или слична ситуација можеби и во потешка незнам, но не секој се одлучува да напише што се случува и како тоа го доживува.

Знам дека многумина имаат секакви предрасуди кон нас и кон мојот сопруг заради различни причини, дезинформации, шпекулации и трачеви што кај нас за жал веќе се редовна храна која намерно се нуди, но исто знам дека ова што го пишувам го пишувам од срце и без задршка.

Ова е моето сведоштво за Миле кој јас го знам и причина за мојата лична борба за него…

Ова што се случува на моето семејство не е правда. Секој што ќе се обиде да проанализира подлабоко ќе го сфати тоа. Не само заради суштината на предметите отворени против Миле, туку заради се што всушност се случува околу нас и генерално во државава.

Тој е добар човек со големо срце и секогаш сака да помогне дури и повеќе од што може, вреден и исполнителен и она што ќе го вети за него е света обврска, оние што го познаваат добро го знаат тоа.

Другар и секогаш спремен да излезе во пресрет на било кој проблем било да е семеен, на блиски и не блиски луге. Семејството за него е се, секогаш спремен за изненадувања и организирање секакви лудории со трите сина, секогаш присутен за нив, како поткрепа, како утеха како другар.

И најтешкиот момент следи што да им се објасни и каже на нивното прашање кое деноноќно го повторуваат: мамо, каде е тато, кога ке си дојде? Повторно ли ќе биде отсутен долго како и минатиот пат? А ќе може ли да возиме повторно заедно велосипеди и да одиме на кино? Ќе може да излегува нели?

И да тој штрајкува со глад, веќе цела една недела! Бегло беше соопштено ова како и да не е нешто многу важно, зарем не е? Борбата за правда да се води на овој начин, заради тоа што институциите на правдата немаат слух или намерно го изгубиле?

Зарем треба борбата за правда да се сведе на мотото „уапси го Миле” и …и што?! Се прашувам кај се милионите, не милијардите кои биле украдени?!

Миле го судат само за наводно прекршување на процедури, се друго што ќе слушнете е гола пропаганда.

Не барам милост! Јас барам правда!

Стотици прекршувања на процедури, на правила, на човекови права, прават обвинителството и судот.

Ова е изживување и ништо друго!

Секогаш спрема сите се однесувал со почит и емпатија, честопати не им ги гледа лошите страни на луѓето, туку пробува да најде оправдување за некого ако погреши. Добриот човек секогаш го гледа доброто во луѓето. Никогаш нема лошо кажано за никого.

Едно е тоа што некој ќе слушне од 10 одбрани и наменски определени телефонски разговори снимани во 10 години.

Така ако се оценува некој дали е лош или добар човек секој за себе може да каже дека е лош.

А ако се гледа вистинската слика за некого преку цели денови, неговата работа, пријателство, родителство и однесување како сопруг, но најмногу како човек, тогаш е нешто сосема друго. Едно е да те портретираат преку кампања, а друго е она што вистински си.

Се плашам дека ако се гледа од 10 тина или 50 тина телефонски разговори снимени во период кога се направени 100 милиони разговори тогаш јас ќе кажам за себе дека јас сум лоша, јас знам да опцујам, знам да навредам, да се изнервирам да бидам гневна.

Точно е. Некој ќе каже, ама тој бил функционер и не смеел да збори така, јас ќе одговорам тој е само човек. Но верувајте ќе повторам тој е добар човек. И секој што го познава лично ќе потврди. Дури честопсти како што викаат излегува глуп од што е добар. Да. Грубо звучи, но така е. За жал.

Тој е едноставно човек. А сега тој човек е жртва на психолошка војна. Неправедна војна кон него бар. За други не знам и не можам да кажам. Верувајте на никого не го посакувам ова што нам ни се случува.

Знам дека вистината еден ден ќе излезе на виделина, но исто така можам да кажам дека не сум убедена дека Миле ќе ја дочека здрав и читав.

Не се разбирам во политика. Не сум ја следела ниту ја сакам. Тоа е највалканата работа на свет според мене.

Но, политиката нема да се исчисти ако се изживуваш со Миле.

Колку и трагикомично да звучи ова.

Секој знае за себе. Јас знам за Миле.

И знам дека ова е неправда. Дека не е во ред.

Има уште многу да се кажува за Миле. Многу повеќе од тоа дека нешто му текнало. Како што на сите нас ни текнува“, пишува таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Миле Јанакиески штрајкува со глад во затворот „Шутка“

Монти Пајтон со предметите на СЈО за Миле Јанакиески

„Слушај сега да ти кажам еден виц за џандари…„: Твитер реакции за Јанакиески, кој полицијата го бараше дома, а тој е во Шутка

Фото: Фејсбук/Јанакиеска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За поранешниот генерален секретар на СДСМ, Минчев, „францускиот предлог“ е крајно понижувачки и неприфатлив

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи иницијативата на Левица за референдум

Редакција

Куманово денеска ќе маршира против францускиот предлог: Ќе упатиме јасна порака чија крв тече низ нашите вени, најави градоначалникот Димитриевски

Редакција