еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Средба Касами-Рикер: „Срдечен поздрав“ за ДУИ од Вашингтон

Ако досегашните искуства покажуваат дека во македонската политика ништо не е случајно, тогаш тајмингот на средбата во САД меѓу лидерот на Беса, Билал Касами и помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, амбасадорот Филип Рикер на само триесетина дена пред одржувањето на изборите во земјава добива на значење.

Касами на својот Фејсбук-профил објави фотографија и видео од посетата на Стејт департменот каде, како што вели, ги информирал нашите американски сојузници за последните случувања во земјава односно за предизборната коалиција меѓу Беса и СДСМ и добил позитивни оцени од тамошните дипломати.

Сега се поставува прашањето дали Американците полека и го вртат грбот на ДУИ, партија која негативно ја оцени првата историска македонско-албанска предизборна коалиција меѓу Беса и СДСМ со образложение дека таа е на штета на албанските интереси.

Имено, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи неодамна изјави дека со „сојузот“ меѓу Беса и СДСМ се дефакторизира важноста на албанските гласови, но пред се, улогата на Охридскиот договор и бадентеровиот механизам за заштитата на албанските интереси.

Но Османи и неговите сопартијци како да забораваат дека САД континуирано години наназад поддржуваат развој на мултиетничко општество во кое политичките фактори ќе се грижат за правата на сите граѓани во нашата земја.

Всушност, таков е принципот и во Соединетите Американски Држави каде главна општествена вредност е мултиетничноста и сите се еднакви пред законот.

Инсистирањето на ДУИ да ги застапуваат исклучиво албанските наместо интересите на сите граѓани очигледно сега може да им се удри од глава, бидејќи се покажа дека македонските партнери во власта се подготвени аргументирано да работат на зголемување на правата на сите граѓани за што доказ е промената на Уставот, Законот за употреба на јазиците, вработувањата под етнички клуч и што уште не…

Ако се земе предвид дека ДУИ загуби голем број пратенички места на претходните избори, кои ги земаа Беса, СДСМ и Алијансата на Албанците станува се поверојатно дека партијата, која на „стара слава“ веќе две децении е на власт во Македонија ќе замине во опозиција, ако во меѓувреме не ја смени реториката и уценувачкиот тон на работа кој досега го користеше пред се за задоволување на личните интереси на партиски поединци наместо на сите граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Паѓаат маските: Разочараност или страв од опозиција кај ДУИ?

Османи: ДУИ уценувала, но никогаш за партијата секогаш за интересот на граѓаните и за потребата државата да оди напред

(Видео) СДСМ и Беса ја создадоа првата македонско-албанска предизборна коалиција

Фото: Фејсбук/Касами

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Нема починати од Ковид-19

Редакција

Хоспитализирани осум деца позитивни на корона вирусот

Редакција

Парада на гордоста на 22. јуни, под слоганот „Спектакуларно неспослушни“

Редакција