еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Стартуваше специјализираната платформа Извоз.МК

Денеска стартуваше Извоз.МК, специјализирана платформа за промоција и поддршка на македонскиот извоз и македонските извозни компании.

Главниот фокус ќе биде ставен на порталот www.izvoz.mk, кој има за цел на едно место да ги обедини сите важни информации од земјата и светот, пазарните трендови, како и да ги сподели успешните домашни и странски примери и добри практики во градење на успешна извозна стратегија.

Преку специјализираните категории Export Intelligence, Извозен водич, Саеми, Извозни пазари, ќе се објавуваат најнови трендови, истражувања и анализи кои ќе им бидат од корист на компаниите кои веќе извезуваат производи и услуги или сакаат да ги направат почетните чекори за интернационализација на својот бизнис.

Исто така, на порталот www.izvoz.mk ќе се објавуваат и информации од областа на:

Транспорт и логистика – во посебна рубрика на порталот ќе бидат опфатени информации за најважните вести и најновите трендови во областа на транспортот и логистиката, како и понудата на производи и услуги од страна на транспортните и логистичките компании во земјата кои играат важна улога за олеснување на извзозот и трговијата со странство.

Финансиски услуги – во посебна рубрика ќе се објавуваат најнови информации и понудите на производи и услуги кои ги нудат деловните банки и финансиски институции, како и производите и услугите на осигурителните компании, на државната развојна банка и другите институции за поддршка на извозот и трговијата.

Во услови кога во Македонија извезуваат само 3.500 компании, што е околу 6,5% од вкупно 53.669 активни фирми, а извозот учествува со околу 55% од Бруто домашниот производ (БДП), од пресудно значење е да се зголеми извозот, преку зголемување на бројот на фирми кои извезуваат, отворање на нови пазари и производство на нови извозни производи, преку обезбедување на целосна институционална поддршка на фирмите за полесен и поуспешен настап на странските пазари.

Целта на Извоз.МК е да се зголеми свесноста кај јавноста и носителите на економските политики дека за мали економии, како што е македонската, извозот е од пресудно значење за остварување на поголем економски раст и развој, повисоки плати и повисок и поквалитетен животен стандард.

Мисијата за зголемување на извозот во државата може да биде успешна само ако на неа работат и дадат свој придонес сите институции, почнувајќи од државната и локалната администрација, министерствата, економската дипломатија и македонските амбасади низ светот, финансиските и осигурителни институции, стопанските комори, извозните компании, Царината, Развојната банка, научно-образовните институции и сите носители на економски политики.

Извоз.МК ќе биде отворен за предлозите и идеите на сите чинители кои можат да придонесат во градењето на клима за подобар животен стандард преку поголем и поконкурентен извоз.

Основач и уредник на платформата е Билјана Здравковска Стојчевска, долгогодишен новинар и уредник во „Капитал“.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„ТВ училница“ на МРТ од 10.30 на македонски со хероите од „5 + Фамилија“ и од 12.15 на албански јазик

Редакција

Македонските вина на промоција во Сингапур

Редакција

Признание за „Витаминка“ за општествена одговорност и промоција на семејните вредности

Редакција