еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Столтенберг не успеа да го разубеди Мицкоски за договорот со Грција, ќе успеат ли Курц и Меркел

По вчерашната средба со првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг од ВМРО-ДПМНЕ информираа дека тие остануваат на ставот дека се против договорот за името со Грција, а ставот за референдумот ќе го соопштат иднатата недела.

Денеска во Македонија ќе престојува премиерот на Австрија, Себастијан Курц, кој важеше за пријател на партијата и поранешниот премиер Никола Груевски, пред да дојде на премиерската позиција, а утре во Скопје ќе пристигне и германската канцеларка Ангела Меркел, чија партија изминативе години ја подржуваше владата на ВМРО-ДПМНЕ по сестринска линија.

Нема дилема една од главните причини за посетата на високите светски политичари на Македонија периодов пред референдумот е токму да се разубеди ВМРО-ДПМНЕ да застане зад договорот со Грција.

Дали тие двајцата ќе го предомислат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, останува да видиме.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје, Гостивар и Куманово во 4 фаза, Тетово, Штип, Берово и Делчево во трета: Проценка за ширење на Ковид-19

Редакција

Државата ќе удри по џебот на граѓаните: За стан или викендичка која не ја користите три пати поскап данок, ако не пријавите дека ги имате ќе ви наплатат пет пати поскапо

Редакција

Обемна студија во Италија со одлични резултати за вакцинираните против Ковид-19: Смртноста и хоспитализациите намалени за 80%

Редакција