еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Студентите ја обожаваат: Која е Гордана Силјановска-Давкова, можен кандидат за претседател на државата

Триесетина професори, академици, интелектуалци, во отворено писмо ја повикаа професорката на Правниот факултет во Скопје, Гордана Силјановска-Давкова, да се кандидира за претседател на државата на престојните претседателски избори.

Таа за медиумите изјави дека ќе размисли, а во меѓувреме Ви откриваме неколку интересни податоци од нејзината професионална кариера и приватниот живот.

За студентите е еден од најинспиративните професори

Според неодамнешното истражување на Факултети.мк спроведено на повеќе факултети во рамките на УКИМ, помеѓу кои и на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Силјановска-Давкова е еден од најинспиративните професори.

За нејзе студентите велат дека е професионална, објективна и пријателски расположена.

Студентите велат дека најфасцинантно кај Силјановска-Давкова е што на предавањата, покрај програмата што е задолжителна од учебниците, внесува и многу други теми, како историски така и актуелни.

На испитите што се полагаат кај неа, посочуваат студентите, никогаш не бара точно раскажани реченици од точка до точка, туку поставува прашања со кои би можеле да ги искажат сопствените ставови на одредена тема.

Таа никогаш, истакнуваат анкетираните студенти, не ја намалува оценката само затоа што студентот размислува на различен начин од неа.

Силјановска-Давкова е редовен професор на Институт за правни и политички науки при Катедрата за уставно право и политички систем.

Нема да и биде прв пат во политика

Нејзината работа како научник е фасцинантна. Има објавено над 200 трудови од областа на правото, политиката, законодавството…

Докторирала на Универзитетот во Љубљана во 1993 година.

Кога е во прашање нејзината професионална кариера, за нејзе нема граници. Дел е од бројни меѓународни групи на експерти, комитети, совети…, од различни области.

Експерт е за избори, родова застапеност…, и е еден од основачите на тинк-тенк организацијата Еуро Балкан.

Не и е непозната политиката. Имено таа беше министер без ресор од 1992 до 1994 година.

Мајка е на две деца.

Повеќе податоци од нејзината професионална кариера, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе биде ли професорката Гордана Силјановска кандидат за претседател на државата

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се „спукаа“ околу „бомбите“: Кој е поголем криминалец?

Редакција

Бензините поевтинуваат за еден, а дизелот за денар и половина

Редакција

Инфлацијата во април 13%

Редакција