еМагазин
Image default
Македонија

Судот пак „ќе го бара“ Никола Груевски: Каде е екс-премиерот?

Судот денеска ќе направи нов обид да му го достави решението на порнешниот премиер Никола Груевски за отслужување на затворската казна од две години за предметот „Тенк“ или ќе му го врачи на рака во судот каде тој доаѓа на рочиште за друг предмет.

Откако Груевски ќе ја добие одлуката, би требало веднаш да се јави во затворот за издржување на казната за блиндираниот мерцедес.

Доколку Судот утврди дека Груевски избегнува да го прими решението ќе се пристапи или кон негово спроведување или кон распишување потерница.

Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 ги одби во петокот жалбите на Груевски и неговите адвокати и го потврди решението на судијата за извршување санкции со кое поранешниот премиер треба да се јави во затворот за издржување двегодишна казна за предметот „Тенк“.

Собранието на Република Македонија во петокот не му го одзеде пратеничкиот мандат на Груевски зашто немаше двотретинско мнозинство.

МИА/Фото: Фејсбук/Никола Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот треба да процени кога ќе ја издаде наредбата за апсење на Груевски

Што го чека Груевски во затвор: Туширање еднаш неделно, наутро треба да си го мести креветот, да прави генералка на собата во сабота

Груевски и во затвор ќе зема пратеничка плата и ќе му тече работниот стаж

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на делови од предложената преговарачка рамка

Редакција

Денеска стартува кампањата за првиот круг од претседателските избори, ќе трае до 22. април

Редакција

Пендаровски и претседателите на НАТО земји-членки со заедничка изјава: Никогаш нема да ги признаеме руските обиди за анектирање на која било украинска територија

Редакција