Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска донесе одлука со која мерката притвор за поранешниот министер за траспорт и врски. Миле Јанакиески се преиначува во мерка куќен притвор, додека поранешниот министер за труд и социјална политика и за образование, Спиро Ристовски останува во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.
Постапувајќи по жалби на одбраната на М.Ј. и С.Р. изјавени против решенија на судија на претходна постапка за прифаќање на предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со кои решенија им се определи мерка притвор во траење од 30 дена, Кривичниот совет денеска одржа јавна седница во присуство на странките.
-По произнесување на странките, како и ценење на фактите и доказите приложени во жалбите и решенијата на судија на претходна постапка, Советот донесе решенија со кои жалбата на обвинетиот М.Ј. се уважува, а решението на судија на претходна постапка се преиначува со тоа што спрема обвинетиот се определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена.
Поради постоење на причините од член 165 ст.1 т.1 и 2 од ЗКП се забранува на обвинетиот комуникација со лицата опфатени во кривично правниот настан без дозвола од судот. Жалбата на обвинетиот С.Р. се одбива како неоснована и се потврдува решението на судија на претходна постапка, соопшти Основниот суд – Скопје 1.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По инцидентот, Јанакиески и Ристовски префрлени во Хашкиот дел на затворот
Ги откри ли командант Малишева напаѓачите на Јанакиески и Ристоски?
Твитер „експлодира“ за затворскиот инцидент со ексминистрите Јанакиески и Ристовски
По „тепањето“ на Јанакиески и Ристовски: Организирана политичка пресметка или исцениран случај?
Фото: Фејсбук/Јанакиески