Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во интервју за ТВ Шења и Зум.мк вели дека доколку биде загрозена европската перспектива на Македонија, може да пораснат фрустрациите кај Албанците и може да се појават нови идеи за реорганизација на државата, образложувајќи зошто тој преговарал за влез на партијата во Владата.
Тој вели дека ако дојде до радикализација и се појават таквите идеи за реорганизација на државата, дека „ќе влеземе во маѓепсан круг од кон нема излез“.
Според Таравари, треба да се има предвид влијанието на Русија, па затоа, вели, не го разбира негативниот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон уставните измени за влез на Бугарите во македонскиот Устав, кога, како што вели, режимот на Владимир Путин на секој начин се обидува да предизвикува конфликти во Балканот со цел да го дефокусира Западот од војната во Украина.
„Не ми е јасно, го прават тоа намерно или се наивни. Република Српска бара одвојување од Босна, Вучиќ бара заедница на српски општини на Косово, а во Црна Гора има малцинска влада.
Не знам зошто се натпреваруваат со Левица, кој ќе има поекстремна реторика, предизвикувајќи крајна поларизација, досега невидена. Изгледа ВМРО-ДПМНЕ повеќе калкулира со зголемување на рејтингот отколку што мисли за доброто на граѓаните и земјата“, вели Таравари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада