Телевизијата Телма објави дека четворица поранешни министри и заменици за земјоделие, шумарство и водостопанство утрово се приведени во истрага поврзана со злоупотреби на земјоделска помош и издавање на државно земјоделско земјиште, потврдуваат за телевизијата извори од Обвинителството.
Во акцијата на одделоот за организиран криминал на МВР се приведени поранешните министри Ацо Спасеновски и Михаил Цветков, како и поранешниот заменик министер Кристијан Делев.
Тројцата се однесени во суд на распит, а четвриот осомничен е актуелниот пратеник Љупчо Димовски, кој полицијата се уште го бара, објави Телма.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Уапсени поранешни министри. Ако се по барање на СЈО пуштете ги со време„: Твитер се „вжешти„
Приведените министри и заменици за земјоделство го оштетиле Буџетот за 1,4 милиони евра
Димовски за „Фокус“: „Слушнав дека полицијата ме бара, знаат каде можат да ме најдат“