еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Тимот на СЗО во Вухан ја почна истрагата за потеклото на коронавирусот

Тимот на Светската здравствена организација (СЗО) што го истражува потеклото на коронавирусот денеска се состана со кинеските научници, по што ќе следат и посети на лаборатории, пазари и болниците во Вухан.

Вчера заврши двонеделниот карантин на тимот експерти на СЗО по нивното пристигнување во Кина, па сега тие можат да ја почнат истрагата, чии резултати ги очекува целиот свет.

-Прво ќе се сретнеме со нашите колеги, ќе разговараме за планот што го имаме тука во Вухан. Лидерот на кинескиот тим, професор Ванјан, се пошегува за некои технички грешки.

Среќни сме што ги гледаме нашите кинески колеги во живо, по серијата онлајн состаноци, изјави Марион Копманс, вирусолог од Холандија, пренесоа британските медиуми.

Тимот на СЗО треба во Кина да мине две недели и за тоа време да го посети и пазарот каде наводно избувна жариштето на епидемијата, а, исто така, ќе го посети и Институтот за вирусологија во Вухан.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ниту ќе се раскине, ниту ќе се репреговара договорот со „Бехтел и Енка“, а најверојатно ќе остане и државна тајна

Редакција

(Видео) 11-годишно девојче со продажба на крофни собра пари за лекување на нејзиниот татко и го воодушеви Балканот

Редакција

(Фото) Апел до ЦУК: Гори еден од најубавите предели на Балканот помеѓу Горна и Долна Бабина дупка, над изворите на Бабуна

Редакција