еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Тројца пациенти живи изгореа во пожар во ковид-одделение во Бугарија

Три лица загинаа во пожар во ковид-одделение во болница во Сливен.

Сигналот за пожар на ковид-одделението бил примен во 02.39 часот. Целото одделение на болницата во градот Сливен горело, јави дописникот на МИА од Софија.

Во болница се испратени две противпожарни екипи. За време на гаснењето на пожарот биле пронајдени две лица кои починале на самото место.

Третиот пациент со амбулантно возило бил пренесен во Медицинскиот центар во Сливен со повеќе изгореници, а оттаму во специјализираната клиника за изгореници во Пловдив, но малку подоцна и тој починал.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вања ја плати цената што криминалците не биле апсени и затворани за нивните претходни злосторства, вели Агелер

Редакција

На менаџерскиот тим на Пекабеско лани исплатени 105 милиони денари за плата и надоместоци

Редакција

По повеќе од два часа застој на Деве Баир, непречено минуваат возила во двата правци

Редакција