Бројни реакции на социјалните мрежи за растот на бројот на заразени со коронавирусот во Македонија последниве денови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем раст: 103 полицајци во изолација, 14 од нив позитивни на корона вирусот
Два фамилијарни кластери го зголемија бројот на заразени со корона вирусот во Скопје
Генерално коментарите се дека вината за овој тренд е кај граѓаните, но и кај полицијата која не реагира доволно за непочитување на мерките, а како што е познато и пред неколку дена на прослава во Охрид со вирусот се заразија 14 припадници на Министерството за внатрешни работи, а 103. завршија во изолација.
Во изолација поради истата прослава отидоа и неколку вработени во Министерството за одбрана.
Што значи и тие кои треба да ги контролираат граѓаните за мерките, не ги почитуваат истите.
Еве дел од твитовите:
ИВЗ најавува непослушност. МПЦ веќе демонстрираше непослушност. Државата молчи и мижи. 21 век.
— Шукар Чавела (@jovanatozija) May 21, 2020
Можеби требаше со обратна психологија да се проба!
„Забрането е носење маски за време на корона вирус„
— i999y (@i999y) May 21, 2020
Дали државата ќе го запамти саботирањето на јавното здравје од страна на ИВЗ и МПЦ, и конечно ќе се стави крај на десекуларизацијата? Господ знае.
— Slobodan Jakoski (@FlavrSavr) May 21, 2020
Словенија нема нов заразен. Ист број на жители, преземените мерки и методи против вирусот 90% беа исти. Кај се заебавме ние? Нецелосно спроведување на мерките, ете таму.
— Дарко (@prokaznik7) May 21, 2020
Читам во Словенија денес нема ниту еден позитивен од скоро 1000 теста. Кој менталитет човече!
Не ми се верува дека сме биле заедно во една држава.— Магнолија (@MkdDevojche) May 21, 2020
Уствари, не се олабавија мерките, се олабави полицијата.
— Миле Паника (@Mile_Panika) May 21, 2020