еМагазин
ЖИВОТ

Уживајте во убавото време уште викендов, ќе биде сончево и топло

Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност и со слаб ветер од зпаден и југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од 14 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од западен и југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

Под влијание на влажен и постуден бран в понеделник во вечерните и ноќните часови ќе настапи значителна промена на времето. Ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Врнежите ќе продолжат и во вторник, а температурите ќе бидат во значително опаѓање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре зголемување на температурите, од средина на неделата топлотен бран

Редакција

417 лица починале од Ковид-19 надвор од болница

Редакција

На шеесет и четири годишна возраст почина судијата од Апелационен суд Скопје, Нуман Лимани

Редакција