еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Вечерва ќе се изврши првата трансплантација на срце во државата

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека во моментов се прави подготовка за правење на првата трансплатација на срце во Македонија.

„Имаме, за жал, почината пациентка чие семејство се согласи да го донира срцето и пациент кој веќе подолго време чека донор. Се спремаат тимовите и доколку дозволи клиничката состојба во текот на вечерта ќе се изврши најпрво експлантација на срцето од донорот, а потоа и трансплатација.

Операцијата ќе се изврши на Клиниката за кардиохирургија каде ќе работи мешан тим на кардиохирурзи. Станува збор за исклучително тешка и ризична операција, да им посакаме среќа на докторите и на пациентот,“ напиша Филипче на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Немам никакво учество, активитет или улога во партијата“: Гордан Георгиев се огласи за шпекулациите дека ќе биде нов лидер на СДСМ

Редакција

Доктор Беќаровски: Во Србија строго се забранува употреба на антибиотици и високи дози на витамини, при лечење на Ковид-19 во домашни услови

Редакција

9% од децата на возраст од 5 до 17 години во Македонија имаат анксиозност, а 2% страдаат од тага или депресија

Редакција