Вербален инцидент се случи денеска во Благоевград меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и граѓанин кој носеше звучник од кој одекнуваа патриотски песни.
Инцидентот се случи по отворањето на клубот кога гостите и домаќините се упатија кон споменикот на таткото на Гоце Делчев.
Нарекувајќи го Мицкоски предавник, граѓанинот побара од него да зборува бугарски по што насобраните граѓани почнаа да извикуваат: „Македонија, Македонија“.
Денешното отворање на клубот се одржува со засилено полициско обезбедување и голем медиумски интерес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Транспаренти “Македонија е бугарска“ во Благоевград за отворањето на македонскиот клуб
МИА/Фото: Фејсбук/Мицкоски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.