еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) 11-годишно девојче со продажба на крофни собра пари за лекување на нејзиниот татко и го воодушеви Балканот

Нина Нинковиќ (11) од Нови Сад со продажба на крофни успеа да собере пари за лекување на нејзниот татко и го воодушеви Балканот.

Иако првиот ден продала само седум крофни, малата Нина не се откажала од намерата да му помогне на својот болен татко.

Откако информацијата за нејзината хумана акција се прошири по социјалните мрежи во Нови Сад луѓе во колони чекаа да купат крофни од нејзе, а помошта почна да стигнува од сите страни на Србија, а и од власта најавија помош за нејзиниот татко.

„Прво, сакав да продавам крофни за џепарлак. Но, се сетив дека можам да му помогнал на татко ми да собере пари што е можно поскоро за неговите лекови. Затоа почнав да продавам за него“, вели таа.

Таткото на Нина, Зоран го изгубил видот во 2016 година поради откачување на мрежницата. Во март 2022 година повторно се случила аблација и била дијагностицирана офталмија и панувеитис, а со тоа бил загрозен животот на Зоран.

Тој оди на клиника и прима системска терапија, хемотерапија и имуносупресивни капки. По една година од појавата на фибрин, поради што видот му е заматен, се јавува изразена фотофобија. Се следи состојбата на целиот организам поради високи дози на хемотерапија.

Со акцијата беа собрани потребните средства за тој да замине на лекување во Москва.

Понатаму ќе бидат потребни средства за понатамошна дијагностика, прегледи, анализи, набавка на лекови, лекување во земјата и странство, како и за патни трошоци и сместување.

Акцијата за собирање пари за лекување ќе продолжи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) „Нина девојчето со крофните“: Македонскиот дизајнер Кардула направи постер со српската хероина

Фото/видео: novosadskatelevizija/Kurir

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прекинот на работа на „Кромберг и Шуберт“ и „Дрекслмаер“ прв голем удар од корона вирусот

Редакција

Повеќе од половина од новозаразените со корона вирусот имале контакт со потврден случај

Редакција

(Видео) Вознемирувачки снимки од катастрофата во Либија, бројот на загинати се искачи на над 5.000

Редакција