Специјалната обвинителка, заминување, Катица Јанева на денешниот распит за случајот „Рекет“ во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција дојде со поранешниот јавен обвинител, адвокатот Стеван Павлески.
Таа пред новинарите изјави дека се надева оти со нејзиниот денешен исказ ќе помогне да се забрза истрагата за „Рекет“.
„Јас сум се уште специјален обвинител. Моите колеги имаат целосно овластување да ги застапуваат предметите пред суд. Се надевам дека ќе имаме повеќе разрешници оваа есен. Што се однесува до мојот исказ денеска се надевам дека со моите аргументи и мојата изјава ќе ја забрзам истрагата, рече Јанева.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто до сега Боки 13 не бил на распит за “Рекет“?
Прво Зоки-Кичеец, па Катица Јанева: Коинциденција или смислен потег?
Дали ќе стане осомничена или сведок: Катица Јанева конечно на распит за “Рекет“
“Рекет“ “удри“ и на предметите на СЈО за кои во тек се судења
Видео: А1он